Годишните потрошувачки цени се зголемија за 2,6 отсто минатиот месец, во однос на растот од 2,3 отсто во октомври и значително над септемврискиот раст од 1,7 отсто. Тогаш, првпат по речиси три ипол години, инфлацијата падна под целното ниво на централната банка од 2 отсто.
Стапката на инфлација во ноември беше највисока од март и е во согласност со очекувањата на економистите од анкетата на Reuters.
Основата на растот на цените и стапката на инфлација е широк опсег на зголемувања на цените на производите и услугите, од кои најистакнат е транспортот, особено поради трошоците за горивaта и цените на автомобилите. Ова само делумно беше неутрализирано со поблагите зголемувања на цените на авионските билети и цената на оброците во рестораните.
„Уште еден последователен месечен пораст на инфлацијата, достигнувајќи го највисокото ниво од март, ги нагласува тековните ценовни притисоци во економијата на Обединетото Кралство“, вели Мартин Сарториус од Конфедерацијата на британската индустрија.
Дополнителен импулс на инфлацијата се очекува од зголемувањето на даноците за работодавачите, откако ќе стапи на сила во април следната година.
Некои економисти предвидуваат дека вкупната инфлација на потрошувачките цени во Велика Британија би можела да достигне 3 проценти во 2025 година.
Слични новости
Европските берзи благо пораснаа пред одлуките на Fed
На европските берзи во средата претпладнето се тргува претпазливо, а берзанските индекси благо пораснаа пред одлуките и пораките на американската централна банка, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот
Доларот стагнира, нафтата поскапе
На девизните пазари вредноста на американскиот долар во претпладневното тргување во средата стагнира во однос на кошничката валути
Нов пад на индексите на Волстрит
Индексор Nasdaq се лизна од рекордното ниво, додека Dow Jones падна деветти ден по ред, што не е забележано од 1978 година.