Меѓународна непрофитна група поднесе жалба до Етичката комисија на светската фудбалска асоцијација ФИФА, наведувајќи немање пристрасност од страна на претседателот на организацијата Џани Инфантино, како и политичката природа на жрепката за Светското првенство во 2026 година минатата седмица, објави The Athletic.
Жалбата се фокусира на одушевеното фалење на американскиот претседател Доналд Трамп, како и на фактот дека управното тело на светскиот фудбал му ја додели на Трамп првата награда за мир на ФИФА.
ФИФА, која наредното лето ќе биде домаќин на Светското првенство во 2026 година во САД. Мексико и Канада, отсекогаш се гордеела со својата неутралност во однос на прашањата од политиката и религијата.
Непрофитната група FairSquare, која ја поднесе жалбата сочинета на осум страници, вели дека е посветена на одговорност во спортот во врска со миграцијата на работна сила и политичката репресија. Се бара независна комисија на ФИФА целосно да ги истражи дејствијата што се случија за време на жрепката за групите на Светското првенство во минатиот петок во Вашингтон.
Претседателот Трамп присуствуваше на церемонијата, заедно со мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум и канадскиот премиер Марк Карни. Но, Трамп привлече најголемо внимание за време на настанот во Центарот Кенеди во Вашингтон.
ФИФА во ноември го објави воспоставување на својата награда за мир „за да им оддаде почит на поединци кои презедоа извонредни и исклучителни акции за мир и со тоа ги обединија луѓето низ целиот свет“. Инфантино му подари на Трамп златен трофеј, златен медал и плакета.
„Ова е ваша награда, ова е вашата награда за мир“, му рече Инфантино на Трамп при врачувањето на признанието.
Во тужбата FairSquare ги наведува сопствените стандарди за неутралност на ФИФА за „да се остане политички неутрален… во односите со владините институции“. Групата, исто така, забележува дека Инфантино лобирал на социјалните медиуми претходно оваа година за Трамп да ја добое Нобеловата награда за мир за неговото справување со војната меѓу Израел и палестински Хамас.
Дисциплинската постапка од страна на Етичката комисија на ФИФА може да вклучува предупедување, опомена, па дури и парична казна. Може да се наложи обука за усогласеност, а може да се изрече и забрана за учество во активности поврзани со фудбалот.
Слични новости
Реал Мадрид во дербито на Лигата на шампионите против Манчестер сити без шестмина дефанзивци
Едер Милитао доживеа потешка повреда,, а претходно беа повредени Дани Карвахал, Трент-Александар Арнолд, Дин Хаусен, Ферлан Менди и Давид Алаба.
НБА: Лејкерс славеа со Дончиќ и Џејмс, 15-та победа по ред за Тандер
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Филаделфија 76ерс со 112:108 на гостински терен синоќа, а Лука Дончиќ и Леброн Џејмс постигнаа заедно 60 поени откако се вратија во поставата
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0


