Амазон МГМ ги обави првите снимки од документарецот за Пол Макартни „Man on the Run“. Името на документарецот е инспирирано од истоимената песна на грпата „Wings“.

Филмот е фокусиран на периодот по распадот на легендарните Битлси во 1969. Докментарецот ќе се прикажува на Прајм Видео од февруари 2026, а Амазон ги откупи авторските права непосредно пред неговата јавна проекција.

Филмот е во режија на Оскаровецот Морган Невил и ја следи соло кариерата на Макартни и формирањето на бендот „Wings“ заедно со неговата сопруга Линда. Документарецот ја осветлува трансформацијата на Макартни во постбитлс ерата низ единствена и ранлива лична перспектива.

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година