Фудбалерите на Интер ја освоија титулата шампион на Италија откако синоќа ја победија Парма со 2:0 во натпревар од 35-тото коло на Серија А. Со тоа Интер стигна до 82 бодови, 12 бодови повеќе од второпласираниот Наполи на 3 кола до крајот на натпреварувањето што е недостижна предност.

Наполи вчера одигра нерешено против Комо и ги загуби сите шанси да направи некакво чудо на крајот од сезоната и да освои нова титула.

Италијанските медиуми истакнуваат дека оваа сезона за тренерот на Наполи Антонио Конте е најлоша кога се гледаат бодовите освоени во Серија А. Наполи има совоено 70 бодови на три кола пред крајот, а досега Конте најмалку освоил 80 бодови во кариерата.

Од Италија во Лигата на шампионите освен шампионот Интер пласман обезбедуваат и Наполи, Милан и ЈУвентус, кои сеуште се во борба за второто место.

 

Слични новости

Дебакл на италијанскиот фудбал

Дебакл на италијанскиот фудбал

Италија е на пат оваа сезона во Лигата на шампионите да доживее незапаметен дебакл, затоа што лесно може да се случи во осминафиналето да нема ниту еден претставник.