Интер од Милано има големи амбции сезонава како во калчото така и во ЛИгата на шампионите. Веќе ги доведе во своите редови искусните Стоунс и Аканџи од Манчестер сити, како и англискиот репрезентативец Спенс.

Интер сака да го ангажира и крилото на Арсенал и на бразилската репрезентација Габриел Мартинели, кој сезонава доколку остане во Лондон ќе му биде резерва на Гркот Христот Цолис кој дојде во Арсенал од Бриж.

Медиумите јавуваат дека Интер почнал да води разговори со Арсенал и Мартинели, но засега нема испратено конкретна понуда.

Слични новости

Хулијан Алварез одбива да тренира во Атлетико Мадрид

Хулијан Алварез го извести клубот дека нема веќе да тренира со тимот и дека сака да замине од Атлетико пред крајот на преодниот рок. Навивачите на клубот се свртеа ротив еден од најдобрите играчи, нервозата во Атлетико расте, а Алварез се однесува непрофесионално.

Тотенхем со силни засилувања во преодниот рок

Де Зерби е посебно заинтересиран за крилниот напаѓач на Манчестер сити Савињо, а медиумите пренесуваат дека Тотенхем се обидува да ги доведе во пакет Савињо и Омар Мармуш од Манчестер сити.

Пејтон Вотсон замина од Денвер за Кливленд, а Денвер не доведе ниту еден играч во размената

Пејтон Вотсон замина од Денвер Нагетс и заврши во Кливленд Кавалиерс во договоор во кој беа вклучени три клуба. Нагетси добија незаштитен пик од првата рнда на драфтот во 2031 од Кливленд како и пик од втората рунда од Сакраменто во 2032, без да добијат ниту еден играч во замена за Вотсон.