Во дербито од 11-то коло од италијанското фудбалско првенство, Интер го победи Лацио со 2:0 на својот стадион „Сан Сиро“, преземајќи го првото место на табелата на Серија А. Домашниот тим поведе во третата минута од натпреварот со голот на Лаутаро Мартинез.
Тоа беше првиот гол што римскиот тим го прими по четири натпревари. Мрежата на Лацио пред тоа последен пат се затресе во 90. минута од натпреварот против Торино, кој заврши 3:3. Потоа го сочува својот гол во натпреварите против Аталанта (0:0), Јувентус (1:0), Пиза (0:0) и Каљари (2:0).
Откако одличната серија на „Небесносинините“ ја прекина Мартинез во третата минута од натпреварот, Анже Бони ја потврди победата на „Нераѕурите“ во 62. минута. Гостите најблиску до гол беа во 77. минута кога Марио Гила ја погоди стативата.
Ова беше четврта последователна победа на Интер во сите натпреварувања, а нивна 10-та во последните 11 натпревари. Од друга страна, Лацио го забележа својот прв пораз во последните седум натпревари. „Небесно сините“ последен пат претрпеа пораз на 21-ви септември во градското дерби против Рома (0:1).
Интер сега води на табелата со 24 бода, исто колку што има и Рома, која го победи Удинезе со 2:0. Стрелци за тимот на „Волчицата“ беа Лоренцо Пелегрини во 42. минута од пенал, и Зеки Челик во 61. минута.
Болоња го победи Наполи со идентичен резултат. Домашниот тим ги постигна двата гола во второто полувреме, преку Тијс Далинга во 50. минута и Џон Лукуми во 66. минута.
Џенова и Фиорентина ремизираа 2:2. Домашниот тим поведе, Фиорентина го сврти резултатот со два гола, а Џенова постигна гол за израмнување. Лео Остигард (15) и Лоренцо Коломбо (60) постигнаа голови за домашниот тим, а Алберт Гудмундсон (20 од пенал) и Роберто Пиколи (57) постигнаа голови за гостите.
Во првиот натпревар во неделата, Сасуоло на гости во Бергамо ја победи Аталанта со 3:0. Берарди постигна два гола за Сасуоло (29 од пенал и 66), а Пинамонти беше стрелец во 47. минута.
Интер води со 24 бода, исто како и Рома, но со послаба гол-разлика. Милан и Наполи имаат по 22 бода, додека Болоња е петта со 21 бод.
Слични новости
Верстапен не успеа да му ја земе титулата на Норис во Формула 1
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даб
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1


