Интер се врати на челната позиција во Серија А по вчерашната победа во гости против Венеција со 2:0. Куриозитет е што обата гола беа постигнати по автоголови на домаќините. Интер има 25 бодови, колку и второпласираниот Лацио на табелата.

Најнепријатно изненадување приреди Милан кој го забележа првиот пораз сезонава на домашен терен против Болоња со 2:4. Милан има 18 бодови и е на петтото место на табелата.

Уште полош пласман на табелата има Јувентус кој синоќа загуби од Џенова со 2:0 и го забележа вториот пораз во последните три кола, со што тренерот на клубот Спалети наидува на се поостри критики.

 

Слични новости

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Францускиот кошаркар Николас Батум реши да ја заврши кариерата во 37-та година. Тој дојде во НБА лигата во дамнешната 2008-ма година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Портланд, Шарлот и ЛА Клиперс.