Интер Мајами на Лионел Меси го победи Њујорк Сити ФК со 5:1 во финалето на Источната конференција на МЛС ноќта кон неделата, а следната седмица ќе се бори за МЛС Купот против Ванкувер, кој го победи Сан Диего со 3:1 во финалето на Западната конференција.
Во Сан Диего, Ванкувер брзо се одлепи од противникот со головите на Брајан Вајт (8.) и автоголот на голманот на Калифорнија, Пабло Сисниега (11.) и веќе имаше предност од 3:0 на полувремето благодарение на Вајт (45+2), пред Хирвинг Лозано да го намали резултатот на 3:1 (60.).
Мајами до победата го предводеше Таде Аљенде, кој постигна хет-трик. Тадео Аљенде постигна два многу брзи гола за Интер Мајами, прво во 14. а потоа и во 23. минута. Њујорк ги одржа своите надежи живи благодарение на моќниот удар со глава на Џастин Хак во 37. минута за 1:2.
Одлична одбрана од аргентинско-американскиот голман на Мајами, Роко Риос, ги спречи гостите да израмнат во 66. минута, пред Меси да го пронајде Матео Силвети во противничкиот шеснаесетник и да го зголеми резултатот на 3:1 минута подоцна. Меси, исто така, започна совршено изведен контранапад, кој беше финиширан од венецуелскиот играч Теласко Сеговија за да го зголеми резултатот на 4:1 во 83. минута. Аљенде го постигна третиот гол во 89. минута. Тоа беше неговиот осми гол во плејофот, израмнувајќи го рекордот во МЛС.
Меси, од друга страна, собори рекорд со овие две асистенции, односно собра вкупно 405 асистенции во својата кариера, надминувајќи го легендарниот Ференц Пушкаш (404).
По десет титули во шпанското првенство со Барселона и две во Франција со Пари Сен Жермен, Меси ќе има можност да ја прошири својата веќе импресивна колекција трофеи дома на 6-ти декември против Ванкувер Вајткепс на Томас Милер во финалето на МЛС Купот.
Слични новости
НБА: По четири врзани порази на домашен терен Денвер победи на гости кај Индијана
Блескава партија во тимот на Денвер имаше Џамал Мари кој постигна 52 коша. Мари постигна 10 тројки од 11 обиди со процент на шут за три поени од 91 насто
Јанис Адетокумбо повторно се повреди, но останува во Милвоки
Грчкиот крилен центар на теренот мина само три минути по што го истегна мускулот на десната потколеница и беше упатен во болница на снимање. Тренерот на Милвоки Док Риверс изјави дека магнетната резонанца потврдила дека е исклучена повреда на ахиловата тетива.
Киксови на Ливерпул и Челси
Ливерпул никако да излезе од кризата. Вечерва на нивниот Енфилд одиграа само 1:1 со Сандерленд и се подалеку се од борбата за одбрана на титулата, затоа што водечкиот Арсенал им се одлепи на цели 11 бодови предност.


