Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето.
Меси не постигна гол во финалето, но асистираше за вториот и третиот погодок на неговиот тим.
Интер поведе со автоголот на Окампо во 8. минута на отворањето на натпреварот, Ахмед во 60. минута израмни на 1:1, а потоа Де Пол во 71. и Аљенде во шестата минута од судиското продолжување на мечот ги искористија додавањата на Меси за да му ја донесат победата на тимот од Мајами.
Слични новости
Преглед НБА: Оклахома продолжува со победите
Оклахома Сити Тандер ја забележаа својата 14-та последователна победа победувајќи ги Далас Маверикс со 132:111 дома
Извлечени групите за Светското првенство 2026
Жрепката за Светското фудбалско првенство во 2026 година во Вашингтон беше спектакл во холивудски стил, експлозија од гламур, црвени теписи и мноштво светски ѕвезди, а Македонија доколку го мине плејофот против Данска а потоа биде подобра и во соочувањето со победникот од дуелот меѓу Чешка и Ирска ќе се најде во групата А
Трамп ја доби Наградата за мир на ФИФА
Американскиот претседател Доналд Трамп ја доби наградата за мир, која првпат годинава ја доделува светската фудбалска федерација ФИФА


