
Натпреварот меѓу Интер Мајами и Ал Ахли од Каиро со којшто ноќеска беше отворено Светското клупско првенство во фудбал заврши без победник 0:0.
Најголемата шанса за гол ја имаа Египќаните, но фудбалерот на египетскиот тим, Трезеге, промаши пенал во 43-тата минута.
Интер Мајами ќе го игра својот следен натпревар против Порто на 19 јуни, додека Ал Ахли ќе игра против Палмеирас истиот ден.
Денеска се играат два натпревара: Баерн Минхен-Оукленд сити и ПСЖ-Атлетико Мадрид.
Ова е прво Светско клупско првенство на ФИФА со 32 екипи.
Слични новости
Манчестер јунајтед заинтересиран за голманот на Астон Вила Емилијано Мартинез
Британските медиуми наведуваат дека менаџерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим не е задоволен со одбраните на првиот голман Андре Онана во минатата сезона и дека поради тоа решил да ангажира нов чувар на мрежата.
Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија
Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука, изјави директорот на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон за италијанските новинари.
Почнува светското првенство за клубови во фудбал
Наградниот фонд изнесува една милијарда евра, а ФИФА смета дека ова е почетокот на нешто револуционерно, како што беше почетокот на Светските првенства за репрезентации во 1930 во Уругвај.