Фудбалерите на Интер во понеделникот вечерта успешно ја одработија домашната задача, во последниот натпревар од 17. коло на италијанската Серија А го совладаа Комо со 2:0.

Двата гола Интер ги постигна во вториот дел. Натпреварот за гостите го отвори Бразилецот Карлос Аугусто со гол во 48. минута, а до 92. минута беше 1:0. Тогаш победата на домаќините ја потврди францускиот играч Турам и ги постави конечните 2:0.

Интер остана трет на табелата, но заостанува бод зад второпласираниот Наполи, додека заостанува три бода зад лидерот Аталанта. Интер има натпревар помалку од водечкиот двоец. Комо, пак, остана на 16. позиција на табелата.

Фудбалерите на Удинезе ги освоија сите три бода кај Фиорентина, каде победија со 2:1 во претпоследниот натпревар од 17. коло. Удинезе победи со пресврт, а воедно ова беше и прв домашен пораз на Фиорентина сезонава. Пред овој пораз тосканскиот тим забележа пет победи со две нерешени.

Фиорентина брзо поведе, во осмата минута Кин реализираше пенал за домашните 1:0. Целосен пресврт се случи на почетокот на вториот дел кога Удинезе постигна два брзи гола и поведе со 2:1. Головите ги постигнаа Лука во 49. и Тавин во 57. минута.

До крајот домашните притискаа, создадоа неколку одлични можности, но гостите од Удине ја сочуваа предноста од еден гол. Фиорентина остана петта на табелата со 31 бод, а Удинезе на деветтото место со 23 бодови.

globe

Слични новости