Интер и Милан официјално станаа ко-сопственици на „Сан Сиро“ во средата, стадион претходно во сопственост на градот Милано, што е клучен чекор во нивните планови за изградба на нов стадион.
„АЦ Милан и Интер Милано објавуваат дека во средата потпишаа договор за купопродажба со градот Милано за стекнување сопственост на урбаната област Сан Сиро, која го вклучува стадионот (Џузепе) Меаца и околното земјиште“, објавија двата клуба во заедничко соопштение.
Продажбата на стадионот беше одобрена од Градскиот совет на Милано на 30-ти септември по повеќе од единаесет часа дебата, со 24 гласа „за“, 20 „против“ и два воздржани.
Милан и Интер платија 197 милиони евра за постоечкиот стадион и соседните паркинзи каде што планираат да го изградат својот нов стадион, кој ќе продолжат да го делат. Новиот „Сан Сиро“, со капацитет од 71.500, треба да биде завршен во 2031 година, а двата клуба ќе платат 1,2 милијарди евра за неговата изградба.
Сегашниот стадион, еден од најзначајните во европскиот фудбал, честопати споредуван со бетонска катедрала, е најголемиот во Италија со капацитет од 75.000. Сепак, стадионот, отворен во 1926 година и реновиран неколкупати од тогаш, повеќе не е погоден за потребите на гледачите или клубовите кои сакаат да ги зголемат своите приходи.
„Сан Сиро“, познат и како стадионот „Џузепе Меаца“, ќе биде во голема мера урнат, освен една трибина која е заштитен историски споменик. „Сан Сиро“ ќе биде домаќин на церемонијата на отворањето на Олимписките игри Милано-Кортина 2026 година оваа зима (6-22 февруари).
Слични новости
Интер Мајами финалето на МЛС Купот против Ванкувер Вајткепс
Интер Мајами на Лионел Меси го победи Њујорк Сити ФК со 5:1 во финалето на Источната конференција на МЛС ноќта кон неделата, а следната седмица ќе се бори за МЛС Купот против Ванкувер
Клиперс ја продолжија серијата порази, Шарлот ја прекина победничката низа на Торонто
Лос Анџелес Клиперсбеа поразени синоќа на домашен терен, Далас Маверикс беа подобри од нив со 114:110. Кавај Ленард го предводеше Лос Анџелес со 30 поени и осум скока
Фламенго победник во Копа Либертадорес
Фламенго ја освои својата четврта титула во Копа Либертадорес, победувајќи го Палмеирас со 1:0 во бразилското финале во саботата вечерта на стадионот „Естадио Монументал“ во Лима, пред околу 50.000 гледачи


