Актуелниот европски и италијански фудбалски вицешампион милански Интер официјално го назначи 44-годишниот романски стручњак Кристијан Киву за свој нов тренер и во понеделникот потпиша двегодишен договор со него.

Киву е поранешен играч на Интер, го носеше дресот на „Нераѕурите“ од 2007 до 2014 година, а ова ќе биде негова втора самостојна тренерска работа во кариерата, откако беше на клупата на Парма во пролетниот дел од неодамна завршената сезона.

 

„Во пролетта 2025 година, Кристијан ја доби својата прва можност како тренер на сениорскиот тим во Парма и освои 16 бода во 13 натпревари со тимот од Емилија. Сега започнува ново поглавје во неговата црно-сина приказна, со вредностите што отсекогаш го воделе: посветеност, жртва и неуморна работна етика“, објави Интер.

На клупата на Интер, Киву го замени Симоне Инзаги, кој го презеде кормилото на саудискиот Ал-Хилал, а неговиот прв натпревар на новата улога ќе биде на 17 јуни во Лопс Анџелес, кога ќе го предводи Интер во првото коло од Светското клупско првенство против мексикански Монтереј.

globe

Слични новости

Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука, изјави директорот на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон за италијанските новинари.