Интер ги искористи киксовите на Милан и Наполи и се искачи на врвот на италијанското првенство со победа од 2:1 на гостински терен во Џенова.

Интер поведе во 6. минута со голот на Јан Бисек, а Лаутаро Мартинез го зголеми водството на 2:0 во 38. минута. Намали на 1:2 во 68. минута преку Витињо.

 

Во претходниот натпревар, градскиот ривал на Интер, Милан ремизираше 2:2 дома против Сасуоло во првиот натпревар од неделната програма во 15-то коло од италијанското првенство, но сепак се искачи привремено на првото место.

Натпреварот започна лошо за „Росонерите“ и заврши исто толку лошо. Примија гол во 13. минута преку Исмаел Коне, а Арманд Лауриенте израмни за 2:2 во 77. минута. Во меѓувреме, тимот на Масимилијано Алегри израмни а потоа и поведе со головите на 19-годишниот белгиски дефанзивец Давид Бартесаги во 34. и 48. минута.

Наполи загуби со 0:1 на гостински терен кај Удинезе. Јирген Екеленкамп го постигна решавачкиот гол на натпреварот одигран во Удине во 75. минута. Домашниот тим постигна уште два гола но двата беа поништени, првиот поради офсајд, а вториот поради прекршок.

Интер е водечка екипа со 33 бода, Милан има 32 бода, а Наполи има 31 бод.

Во дербито на дното, Верона ја победи Фиорентина со 2:1, „бетонирајќи“ ги „Виолите“ на дното на табелата. Херој на натпреварот беше Гифт Орбан, кој ги постигна двата гола за Верона, а победничкиот гол дојде во шестата минута од судиското продолжение. За Фиорентина, Унаи Нуњез постигна гол во 69. минута, постигнувајќи автогол.

globe

Слични новости

Алонсо здивна, Реал победи кај Алавес

Алонсо здивна, Реал победи кај Алавес

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Алавес со 2:1 на гостувањето во Виторија во последниот неделен натправар од 16-то коло на шпанското првенство и со тоа ја намалија бодовната разлика зад лидерот Барселона на четири бода

Мајнц го запре Баерн

Мајнц го запре Баерн

Во натпреварот од 14-то коло од германското фудбалско првенство, Баерн во Минхен одигра 2:2 против последнопласираниот Мајнц