„Потсвеста го издаде (премиерот Христијан) Мицкоски и неговите губитнички партнери – Албанци. Целата оваа неколкумесечна иницијатива има за цел да го замагли и нормализира фактот дека ќе бидат укинати само 3-4 члена од Законот за употреба на јазиците, оставајќи впечаток дека Законот ќе остане недопрен. Всушност, тие членови го претставуваат срцето на Законот, кој ја гарантира употребата на албанскиот јазик“, вели Кренар Лога, поранешен министер за правда и потпретседател на АА.
„ВМРО побара од еден од своите кадри, Костадиновски – личност која според критичарите се искачи до Уставниот суд не заради професионалност, туку заради сервилност – да поттикне укинување на клучните одредби на Законот. Целта е да се избрише специфичната референца „албански јазик”, со образложение дека сите јазици што достигнуваат 20% од населението имаат ист статус. Овој пристап го занемарува демографскиот реалитет и се смета за намерна грешка во толкувањето“, вели Лога.
Додава дека властите, а особено Уставниот суд, треба да разберат дека Уставот не е само правен акт, туку и политички, економски и општествен акт што го рефлектира мултиетничкиот карактер на државата. Секоја одлука што го игнорира овој реалитет може да има сериозни последици врз единството и стабилноста на државата.
Слични новости
Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата
Поранешната обвинителка Вилма Рускоска смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напушти државата
Одреден 30-дневен притвор за Груби и Бајрами
Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на двете лица кои се недостапни за органите на прогон поврзани со истрагата за Државна лотарија.
Прекинот на вода во Скопје ќе биде од 22 часот во петок до санирање на дефектот
За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.