Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 % во однос на април 2025 година – соопшти Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, производството во април 2026 година, во однос на април лани, бележи пораст кај Енергија за 17,2 %, Интермедијарни производи, освен Енергија, за 14,1 %, Капитални производи за 1,5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 %, а опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 4,9 %.

Во периодот јануари – април годинава, пак, во споредба со истиот период од 2025, има раст на индустриското производство од 0,2 %.

 

Слични новости

Европските клауд компании го поддржаа планот на ЕУ за намалување на зависноста од САД

Европските клауд компании го поддржаа планот на ЕУ за намалување на зависноста од САД

Европските клауд компании, технолошките фирми и пратениците од Европскиот парламент денеска го поддржаа планот на Европската унија за намалување на зависноста на ЕУ од американските технологии и засилување на европската дигитална индустрија.