Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе.

Големи површини со обработливо земјиште, брани и станбени куќи се оштетени и ќе треба да се обноват, изјави претседателот Прабово Субианто за време на посетата на Ачех, една од трите провинции погодени од катастрофата.

Шефот на Националната агенција за управување со катастрофи (BNBPB), Сухарјанто, изјави дека бројот на жртвите се искачил на 921, додека 392 лица се водат како исчезнати, а 975.000 луѓе се раселени.

Од погодените провинции, Ачех, Северна и Западна Суматра, Ачех беше најпогоден, со 366 загинати, рече Сухарјанто. Стотици села и две погодени области во Ачех остануваат отсечени бидејќи патиштата се сериозно оштетени.

BNBPB соопшти дека обновата на оштетените куќи и јавни згради во трите провинции ќе чини околу 51,82 трилиони рупии (2,66 милијарди евра).

Националната влада досега не сакаше да прогласи национална катастрофа, а Прабово ги увери жителите дека неговата администрација има доволно средства за покривање на трошоците за реконструкција.

 Раселените жители се изложени на ризик од цревни заразни болести, респираторни инфекции и кожни заболувања, додека има недостиг од здравствени работници.

„Ни требаат околу 600 лекари најмалку во следните три месеци кои ќе бидат стационирани во изолирани и оддалечени области“, рече министерот за здравство Буди Гунади Садикин.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје