Индија се подготвува за можни трговски разговори со САД насочени кон зголемување на американските инвестиции и поголем извоз, откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата следниот месец.

Иако сака да ги заштити своите производители од потенцијални американски царини за нејзиниот извоз, Индија бара начини да ги зајакне врските со Вашингтон, во време кога Трамп му се закани на кинескиот извоз во САД со царини од над 60 отсто и други ограничувања.

За да се усогласи со политиката на Трамп „Америка на прво место“, Индија е подготвена да понуди повеќе стимулации како што се даночни намалувања и пристап до сојузните држави Андра Прадеш, Гуџарат и Тамил Наду каде што се застапени индустриите од секторите на полупроводници, електроника, делови за авиони и обновлива енергија.

Исто така, Њу Делхи сака да се интегрира во глобалните американски синџири на снабдување и да снабдува поевтини производи и меѓупроизводи, од чипови и соларни панели до машини и фармацевтски производи.

За да ја намали загриженоста на САД за трговскиот дисбаланс, Индија е отворена за зголемување на увозот на енергетски производи како што се течниот природен гас (LNG) и одбранбена опрема, области во кои со децении соработува со Русија.

Индиската влада и индустриските групации се залагаат за поширок трговски и инвестициски договор со САД за да им помогнат на индиските производители да се интегрираат во глобалните синџири на снабдување, притоа задржувајќи ја флексибилноста на политиката за заштита на националните интереси.

Натаму, Индија се обидува да го зголеми извозот на фармацевтски производи, облека, обувки, инженеринг, хемикалии и други производи во области каде што има компаративна предност во однос на Кина.

Таа, исто така е насочена кон поголеми инвестиции од САД, мотивирани од лансирањето на производството на паметните телефони iPhone на „Apple“ во Индија. Се надева дека ќе привлече повеќе производствени компании со нудење стимулации, поедноставени регулаторни дозволи и прифатлива земја.

САД се третиот најголем инвеститор во Индија, со 65 милијарди долари директни инвестиции во периодот од 2000 до 2023 година. Американските власти предложија да се разгледа селективно намалување на царините за производи како свинското месо и мотоциклите на легендарниот бренд „Harley-Davidson“, кои во моментов имаат ограничена домашна побарувачка. Може да се преговара за пошироки отстапки во замена за придобивките од повеќе визи за индиските професионалци и инвестиции за зајакнување на извозот.

Двонасочна трговија меѓу Индија и САД, кои се нејзин најголем трговски партнер, во 2023/24 година надмина 118 милијарди долари, додека Индија оствари трговски суфицит од 32 милијарди долари.

Се проценува дека трговијата може да порасне за 50 милијарди долари во следните две до три години.

globe

Слични новости

Волстрит: Внимателно тргување, индексите стагнираат

Волстрит: Внимателно тргување, индексите стагнираат

На Волстрит берзанските индекси беа главно непроменети во четвртокот, бидејќи пазарот не успеа да закрепне од остриот пад ден претходно, кога американската централна банка сигнализираше дека има намера да го забави темпото на намалување на каматните стапки

TikTok има милијарда корисници, но го следат сѐ повеќе контроверзии

TikTok има милијарда корисници, но го следат сѐ повеќе контроверзии

Метеорскиот пораст на TikTok од кратка апликација за споделување видео содржини до глобален гигант во секторот на социјалните медиуми привлече големо внимание од регулаторите, особено поради неговите врски со Кина