Индија планира да ги намали царините на автомобилите увезени од ЕУ од 110 на 40 насто, што би претставувало голем исчекор кон спогодба за слободна трговија меѓу оваа азиска земја и ЕУ.

Владата на Индија се согласи веднаш да ги намали царините на ограничен број автомобили од ЕУ со увозна цена повисока од 15.000 евра, пренесе Ројтерс.

По извесно време, инидските царини на веропските автомобили би можеле да бидат дополнително намалени за 10 насто, што особено им оди во прилог на Фолксваген, Мерцедес и Бе-Ем-Ве.

Слични новости

Нов штрајк во „Луфтханза“

Нов штрајк во „Луфтханза“

Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.