Полицијата во западниот индиски град Ахмедабад соопшти дека повеќе од 240 лица загинале во четвртокот кога индиски патнички авион на пат кон Лондон се урна врз студентски дом во медицински факултет, ревидирајќи го претходниот број на жртви од 294.
Високиот полициски службеник во Ахмедабад, Види Чаудари, изјави дека претходно објавениот број на жртвите вклучува двојно броење на делови од телата на загинатите.
Авиокомпанијата „Air India“ објави дека се потврдени 241 жртва од авионот со 242 патници. Единствениот преживеан е на лекување во болница.

Министерот за цивилно воздухопловство на Индија, Рам Мохан Наиду, изјави дека е започната формална истрага.
Извршниот директор на „Boeing“, Кели Ортберг, изјави дека разговарал со извршниот директор на индиската авиокомпанија за да му ја понуди својата целосна поддршка и рече дека неговиот тим е подготвен да помогне во истрагата.
Акциите на „Boeing“ паднаа за 5 отсто од несреќата, додека извршниот директор се обидува да ја обнови довербата во компанијата по низата проблеми со безбедноста и производството.
Министерот за транспорт на САД изјави дека Федералната администрација за воздухопловство соработува со „Boeing“ и производителот на авионски мотори „General Electric“.
Велика Британија, исто така, соопшти дека е во контакт со индиските власти за да ги утврди фактите за несреќата и да им обезбеди поддршка на оние вклучени во истрагата, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.
Авионот на „Air India“ со 242 лица се урна само неколку минути по полетувањето од Ахмедабад на западот од земјата на летот кон Лондон.
Авионот од моделот „Boeing 787-8 Dreamliner“, еден од најмодерните патнички авиони, се урна врз студентски дом на медицинскиот факултет во близина на аеродромот за време на паузата за ручек. Се очекува дека поради ударот врз зградата ќе има уште многу
Во авионот имало 169 индиски државјани, 53 британски државјани, седум португалски државјани и еден канадски државјанин. Меѓу патниците имало 217 возрасни, 11 деца и две бебиња, соопшти „Air India“.
Од роднините е побарано да дадат примероци од ДНК за да се помогне во идентификацијата на починатите, изјави Дананџај Двиведи, државен секретар за здравство.
Според контролата на воздушниот сообраќај на аеродромот Ахмедабад, авионот полетал во 13:39 часот по локално време од пистата 23. Испратил повик „Мејдеј“, сигнализирајќи вонредна состојба, но не воспоставил понатамошен контакт.
Платформата за следење на летовите Flightradar24, исто така, соопшти дека го примила последниот сигнал од авионот неколку секунди по полетувањето.
Британското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница соопшти дека Велика Британија соработува со индиските власти за итно утврдување на фактите за несреќата и обезбедување поддршка на вклучените.
Американскиот консултант за безбедност во воздухопловството, Ентони Брикхаус, рече дека еден загрижувачки знак од снимката од падот на авионот е тоа што опремата за слетување била спуштена за време на фазата на лет, кога требало да биде подигната.
„Ако не знаевте што се случува, би помислиле дека авионот се приближува кон пистата“, рече Брикхаус.

Слични новости
Израелската војска соопшти дека нападите врз Иран само што почнаа
Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили продолжуваат да го напаѓаат Иран и дека операцијата тукушто започна. Израел ноќеска отпочна напад врз Иран, наведувајќи дека се гаѓани нуклеарни објекти, фабрики за балистички проектили, воени команданти и физичари, чија цел е да се спречи Техеран да развие нуклеарно вооружување.
Трамп: Се надевам дека Иран ќе се врати на преговарачката маса по нападите
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека Иран не може да има нуклеарна бомба и дека САД се надеваат дека властите во Техеран ќе се вратат на преговарачката маса.
Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации
Владата на Иран соопшти дека израелскиот напад врз оваа земја во кој има голем број на загинати докажува дека „нелегитимниот режим во Ерусалим“ не се придржува до никакви меѓународни правила и закони.