
Индијана Пејсерс утринава на домашен терен го победи тимот на Њујорк Никс со 130:121 и поведе со 3:1 во конференциското финале на истокот. Творец на победата на Индијана беше ѕвездата на тимот Тајрис Халбартон кон стана првиот играч во историјата на НБА со натпревар во кој постигнал повеќе од 30 коша, 15 асистенции и 10 скокови, а притоа немал загубено топка. Освен тоа, Халибартон имаше и 4 украдени топки.
Одлична партија во дресот на Индијана имаше и Паскал Сијакам кој постигна 30 поени со шут за тројка 3 од 4. Кај Њујорк Никс најефикасен беше Џејлен Брансон со 31 кош, Карл Ентони Таунс постигна 24, а Ануноби 22 коша.
Петтиот натпревар се игра во Медисон Сквер Гарден во Њујорк.
Слични новости
Луи Бесон направи нова сензација со победата врз Мира Андреева
Бисон пред почетокот на Ролан Гарос беше дури на 361-то место на ВТА листата и оствари најдобар пласман на Ролан Грос со вајлд карта во изминативе 40 години.
Астрономска плата за Инзаги во Ал-Хилал, Интер го сака Фабрегас
Интер Милан, откако се согласи да го раскине договорот со Симоне Инзаги (49), бара нов тренер, а главен кандидат за клупата на „нероаѕурите“ е поранешниот играч од средниот ред на Арсенал и Барселона, Сеск Фабрегас (38), објавија италијанските медиуми
Модриќ денеска ќе потврди трансфер во Милан, според италијанските медиуми
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација 39-годишниот Лука Модриќ треба да потврди подоцна во средата дека ќе ја продолжи кариерата во Милан