Американската технолошка компанија Енвидија и нејзиниот генерален менаџер Џенсен Хуанг се соочуваат со тужба од акционерите кои ги обвинуваат за измама, прикривајќи ги информациите за неговата љубовна врска со Алис Хуанг, поранешната раководителка на сингапурската компанија „Мегаспид“, за која американските власти се соневаат дека е поврзана со кинеската разузнавачка служба.

Тужбата е поднесена пред сојузен суд во Калифорнија, а во неа се наведува дека компанијата и нејзиниот директор не ги откриле информациите за можните ризици по националната безбедност на САД, угледот на компанијата и нејзините перспективи.

Последиците на љубовно-шпионската афера на Хуанг, која тој ја призна, силно се одразија на берзата на акциите на Енвидија, чии акции забележаа загуба од 190 милијарди долари.

 

Слични новости

Растат цените на нафтата и гасот, Брент е над 107 долари за барел

Растат цените на нафтата и гасот, Брент е над 107 долари за барел

Цените на енергенсите на европските и американските пазари продолжуваат со раст и цената на нафтата од типот Брент ја премина границата од 107,50 долари за барел додека европскиот природен гас повторно се приближи на ниво од околу 82 евра за мегават-час.