Иако Џек Смит, специјалниот обвинител кој го водеше овој, и уште еден случај поднесе оставка пред Трамп да се врати во Белата куќа, судијата отвори пат за објавување на првиот дел од неговиот извештај. Документот од 137 страници е испратен во Конгресот во вторникот по полноќ.

Да не беше избран за претседател на САД во ноември 2024 Доналд Трамп ќе беше осуден за незаконски обид да го поништи резултатот на претседателските избори во 2020 кои ги загуби, се наведува во извештајот на американското министерство за правда објавен во Конгресот. „Доказите беа уверливи за судот да го прогласи за виновен“, се наведува во извештајот на специјалниот обвинител Џек Смит кој по изборната победа на Трамп поднесе оставка.

Смит е „пореметен“ и неговите тврдења се „лажни“, прокоментира Трамп, откако беше објавен извештајот. 

Трамп е обвинет дека вршеше притисок врз службени лица да го изменат резултатот на изборите во 2020, кога беше поразен од Џо Бајден, свесно ширејќи лаги за изборна измама и настојувајќи да ги искористи немирите на Капитол на 6 јануари 2021.

Трамп кој беше претседател во време на овие наводни кривични дела, негираше било каква вина. Тој во ноември 2024 ја победи Камала Харис на претседателските избори, а идната недела ќе биде инаугуриран за претседател.

По победата на изборите, многу од правните проблеми со кои се соочуваше исчезнаа.

 

Иако Џек Смит, специјалниот обвинител кој го водеше овој и уште еден случај, поднесе оставка пред Трамп да се врати во Белата куќа, судијата отвори пат за објавување на првиот дел од неговиот извештај. Документот од 137 страници е испратен во Конгресот во вторникот по полноќ.

Судијката Ејлин Кенон наложи сослушувања подоцна во текот на оваа недела за тоа дали да се објави вториот дел од извештајот во кој се наведува дека Трамп незаконски држел доверливи владини документи во неговата куќа на Флорида.

На неговата платформа Трут Сошиал Трамп остана на неговите тврдења дека е невин и го обвини Смит дека не можел да покрене случај пред изборите кои убедливо ги доби. „Избирачите се изјаснија“, додаде Трамп.

Трамп беше обвинет за заговор да го поништи изборниот резултат од 2020. Смит за тоа детално пишува во извештајот, обвинувајќи го Трамп дека „вложил големи напори незаконски да остане на власт“ низ различни методи, како што се „закани и поттикнување на насилство против неговите политички противници“. Овој случај, како и оној со доверливите документи резултираа со кривични пријави против Трамп, кој рече дека обвинителството го гони од политики мотиви.

Но, Џек Смит ги затвори случаите по изборот на Трамп за претседател во ноември во согласност со прописите на министерството за правда кои забрануваат федерално обвинение против актуелен претседател на САД. Но, тој додаде дека тоа не се однесува на сериозноста на обвиненијата, силата на валидните докази или меритумот на обвинителството, зад кој стои канцеларијата на обвинителството во целост.

Минатата недела судијката Кенон привремено го запре објавувањето на целиот извештај на Смит, поради загриженост дека тоа би можело да влијае на случаите против двајца соработници на Трамп кои се обвинети во случајот на доверливите документи. За разлика од случајот на Трамп кој е избран за претседател, нивните случаи сеуште се активни.

Минатата недела Трамп беше осуден во друг случај – тајни исплати на пари на порно глумицата Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за нивната наводна сексуална врска. Трамп беше официјално осуден, но судот иако донесе пресуда дека Трамп е технички виновен, процени дека во конкретниот случај не е потребна никаква казнена санкција.

Би Би Си

Слични новости

Дип Сик АИ апликацијата што го стресе светот

Дип Сик АИ апликацијата што го стресе светот

По неговото лансирање ДипСик предизвика масовно купување на технолошки акции. Акциите на Нвидиа паднаа за 17 насто во само еден ден на американската берза што беше загуба од 600 милијарди долари на пазарната вредност. Според Блумберг, тоа е најголемиот пад во историјата на американската берза.