Илјадници Турци излегоа синоќа на улиците во поголемите градови Турција трета ноќ по ред, барајќи од властите да го укинат притворот на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, пренесуваат светските агенции. Протести се одржаа во големите градови Истанбул. Анкара и Измир и покрај забраната за јавни собири.

Во Истанбул демонстрантите извикуваа пароли „Влада оставка“ и се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, по што полицијата употреби солзавец. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на Х објави дека се уапсени 97 демонстранти.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот ги нарече протестите „уличен терор“ и ја обвини главната опозициска Народна републиканска партија (НРП) на Имамоглу дека ги искористила истрагата и приведувањето како изговор за да ја втурне земјата во хаос.

Приведувањето на Имамоглу во средата предизвика протести низ целата земја. Властите одговорија со силни безбедносни мерки и забранија собири во поголемите градови, вклучувајќи ги Истанбул, Анкара и Измир. Сепак, за вечерва се најавени нови протести.

НРП се подготвуваше да го именува Имамоглу за свој претседателски кандидат во неделата кога беше приведен. НРП најави дека и покраи приведувањето, сепак ќе ја продолжи постапката за избор на претседателски кандидат.

 

Слични новости

Враќање на летовите на Хитроу по глобалниот хаос во воздушниот сообраќај

Враќање на летовите на Хитроу по глобалниот хаос во воздушниот сообраќај

Летовите на лондонски Хитроу продолжија доцна во петокот, откако пожарот го остави еден од најпрометните аеродром во светот без струја и го затвори, предизвикувајќи хаос во глобалниот воздушен сообраќај