Белградските студенти од 10 часот изутринава ја започнаа блокадата на сообраќајот на Автокоманда во Белград, една од клучните сообраќајници од каде се излегува и на меѓународниот автопат. Најавено е дека блокадата ќе трае 24 часа, а се одржува под мотото „Под наша (авто) команда.

Студентите бараат објавување на целокупната документација за обновата на зградата на Железничката станица во Нови сад на која во ноембри минатата година и се урна настрешницата, при што загинаа 15 луѓе.

Иако властите во Србија претходно тврдеа дека сите документи за обнова на станицата се објавени, српскиот премиер Милош Вучевиќ најави дека на интернет страницата на владата во понеделник ќе бидат објавени нови документи.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека денешната блокада на Автокоманда е противзаконска, но ја повика полицијата да го обезбеди собирот, а градските власти во Белград организираат цистерни со вода.

Слични новости

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.

Шест илјади луѓе го напуштија Санторини

Шест илјади луѓе го напуштија Санторини

Грчкиот авиопревозник „Aegean Airlines“ соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, оперирајќи вкупно девет летови, од кои пет не биле вонредни