Повеќе од 10.000 македонски државјани ја напуштиле земјава во изминатите 24 часа само преку граничните премини „Богородица“ и „Табановце“. Продолжениот викенд голем број Македонци го искористиле за патување.

 „На граничниот премин „Богородица“ од 28.05.2026 во 10 часот до 29.05.2026 во 10 часот, влез во државата оствариле 1.715 македонски државјани, а излез оствариле 6.943 македонски државјани.

 На граничниот премин „Богородица“ сообраќајот е нормален и немаше гужви. Поголеми гужви на границите се очекуваат од први јуни кога почнува туристичката сезона.

 

Слични новости

Уапсени двајца криумчари на мигранти од Косово, определен им е 30-дневен притвор

Уапсени двајца криумчари на мигранти од Косово, определен им е 30-дневен притвор

Поради сомнение за криумчарење мигранти, двајца државјани на Косово се лишени од слобода. Полицијата во текот на вчерашниот ден во близина на наплатната станица кај Демир Капија открила седум мигранти од Египет во возило со косовски регистарски таблички.