Илон Маск и неговата вселенскa компанија „SpaceX“ се соочуваат со најмалку три федерални истраги за тоа дали ги следеле федералните правила за известување насочени кон заштита на националната безбедност, објави ведсникот The New York Times во вторникот.
Воздухопловните сили, генералниот инспектор на Министерството за одбрана и потсекретарот за разузнавање и безбедност покренаа истрага, објави NYT, цитирајќи осум лица наводно запознаени со компанијата и внатрешните документи.

„Илон Маск и неговата ракетна компанија SpaceX постојано не ги почитуваа федералните протоколи за известување насочени кон заштита на државните тајни, вклучително и со тоа што не дадоа детали за неговите состаноци со странски челници“, пишува NYT.
Весникот објави дека воздухопловните сили неодамна ги навеле потенцијалните безбедносни ризици како причина поради која му ускратиле на Маск безбедносен пристап на највисоко ниво и дека сојузниците, вклучително и Израел, изразиле загриженост дека тој може да сподели чувствителни информации.
Двајца демократски американски сенатори, Џин Шахин и Џек Рид, во писмо во ноември рекоа дека Пентагон и агенциите за спроведување на законот треба да ги истражат снимките од разговорите на Илон Маск со руски официјални лица, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин, врз основа на националната безбедност.
Секретарот за воздухопловните сили Френк Кендал минатата седмица му одговори на Шахин дека ја дели таа загриженост, но не можеше да коментира за статусот на безбедносната дозвола на лицето.
Слични новости
Ал Шара ја формира новата сириска преодна влада
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја претстави новата преодна влада, што претставува клучен чекор во транзицијата од долгогодишното владеење на семејството на Асад во Сирија
Трамп: Не ми е гајле дали поскапуваат автомобилите
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата рече дека не ги предупредил директорите на автомобилската индустрија да не ги зголемуваат цените бидејќи стапуваат на сила царините за автомобилите од странско производство, велејќи за NBC News дека „не му е гајле“ доколк тие и го сторат тоа
Финскиот претседател Стуб во ненајавена посета на Трамп на Флорида
Финскиот претседател Александер Стуб пристигна во сабота во ненајавена посета на САД, каде што се сретна со претседателот Доналд Трамп, со кого, меѓу другото, разговараше и за зајакнување на билатералното партнерство меѓу двете земји, а двајцата претседатели одиграа и голф