Ова се раните денови на обидот на Маск за глобализација на крајно десничарска револуција. Крајно десничарското влијание на Маск се прошири и врз земји кои не ги посетил, а за нив малку зборувал. Неодамнешна анкета покажа дека речиси 45 насто од Полјаците би гласало за кандидат што би го поддршал Маск.

Од неговиот нацистички поздрав на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, преку етикетирањето на УСАИД како „злосторничка организација“ која треба „да умре“ и разурнувачката политика на штедење што ја спроведи како челник на новоосниваниот Оддел за владина ефикасност, мутимилијардерот Илон Маск стана деструктивна сила во американската политика.

Но, нарцисоидните политички амбиции на Илон Маск не се ограничени само на Америка. Откако му помогна на Трамп и на неговото крајно десничарско движење МАГА да ја преземе контролата врз САД, тој реши овој успех да го преслика во целиот свет.

Јужноафриканецот Маск ја почна својата „светска турнеја“ распирувајчи крајно десничарски сентименти во обид да инсталира радикални личности кои се негови приврзаници и во Обединетот Кралевство.

Минатата година тој ја мина во обид да ги крене гласовите на британската крајна десница и ги фаворизираше Томи Робинсон еден од оснивачите на Англиската одбранбена лига и чидерот на Реформистичката партија Најџел Фараж.

На почетокот на јануари повторно напиша твит „ Ослободете го Томи Робинсон“ и споедели линк со контроверзниот документарец за челникот на британската крајна десница под наслов „замолкнат“.

Минатото лето Британија беше преплавена од масовни протести против имиграцијата и нереди откако Велшанин со потекло од Руанда со нож прободе три девојчиња на часови по танцубање. Но, вистинската искра за нередите и насилството не беше самото злосторство, туку дезинформациите што ги ширеа крајно десничарските групи и Томи Робинсон дека осомничениот е 17 годишен барател на азил Ал-Шакати.

Деценискиот скандал со „груминг бандите“ поврзан со злоставување на бели девојки во неколку англиски градови од Британци од пакистанско потекло исто така му даде шанса на Маск и на крајната британска десница шанса за распирување на реториката за расите и имиграцијата. Откако скандалот избувна во јавноста локалните агенции и безбедносните сили беа обвинети дека се обидуваат да го заташкаат, за да не бидат прогласени за расистички и исламофобни.

Неодамна рече дека британскиот премиер Кир Стармер, кој го водеше обвинителството од 2008-2013 не успеа ефикасно да се справи со „груминг бандите“. Во својот твот Маск напиша дека „Стармер беше соучесник во силувањето на Британија за време на шесте години додека беше шеф на обвинителството. Стармер мора да замине од власта и да се соочи со обвиненијата за соучесништво во најзлогласното масовно злосторство во истроијата на Британија“, напиша Маск.

Маск исто така ја посети Германија во рамките на неговата светска турнеја за поддршка на екстремната десница. Технолошкиот могул целосно се стави на страната на крајно десничарската АФД. За нив тој рече дека се последната искра на надеж за Германија.

Тој води кампања на платофрмата Икс за челничката на АФД Алис Видел, а преку видео линк им се обрати на насобраните поддржувачи на АФД на собир во Хале. Во тој говор Маск рече дека Германците мора да го надминат чувството на вина за нацистичките злосторства од минатото и дека Германците мора да бидат горди на германската култура и вредности.

Во меѓувреме крајно десничарското влијание на Маск се прошири и врз земји кои не ги посетил, а за нив малку зборувал. Неодамнешна анкета покажа дека речиси 45 насто од Полјаците би гласало за кандидат што би го поддршал Маск.

Ова се раните денови на обидот на Маск за глобализација на крајно десничарска револуција. Загрижувачки е што Маск стаса толку далеку во поглед на мешањето во внатрешните работи на неколку земји.

Ал Џезаира

 

Слични новости

Зошто Трамп предлага состанок со Путин во Саудиска Арабија

Зошто Трамп предлага состанок со Путин во Саудиска Арабија

Експертите за блискоисточни прашања сметаат дека организирањето на состанокот меѓу Трамп и Путин би го зголемило влијанието на Ријад како клучен регионален играч и дека оваа дипломатска услуга САД би ја наплатиле за поголемо учесто на земјата во американските стратегиски интереси.

Новиот план на Трамп за крај на војната во Украина

Новиот план на Трамп за крај на војната во Украина

Во идните преговори, Украина веројатно ќе загуби и територии. Трамп рече дека Киев не би требало да очекува враќање на границите пред 2014 кога Русија го анектираше Крим. Русија „зазеде многу земји, се бореа за тие земји и загубија многу војници“ наведе Трамп.

Како може контроверзниот Роберт Кенеди да влијае врз светското здравје

Како може контроверзниот Роберт Кенеди да влијае врз светското здравје

Роберт Ф. Кенеди, правник за животна средина кој е често критикуван поради застапување на контроверзни и демантирани научни и медицински тврдења, е назначен за нов министер за здарвство во администрацијата на Доналд Трамп.