На САД им се заканува банкрот поради корупција и превисоки расходи, изјави шефот на одделението за ефикасност на владата Илон Маск. „Ако државата троши премногу, ако не троши паметно, ќе банкротира како и човек во приватен бизнис.
Причината зошто ова го работам е затоа што сум многу загрижен дека Америка би можела да банкротира поради корупција и високи трошоци. Ако ништо не се направи „Америка ќе потоне“, рече милијардерот Илон Маск во интервју за Фокс њуз.

Според неговите зборови махинациите и бескорисните трошоци на владата се толку големи поради што Америка губи 2.000 милијарди долари годишно.
„Државниот долг на Америка толку порасна што дури и каматите на него се повисоки од целиот воен буџет. Стана неконтролирано„, додаде Маск.
Тој најави дека одделението за ефикасност на владата ќе ја намали потрошувачката на Вашингтон за цели 2.000 ,илијарди долари годишно.
Слични новости
Украина го преиспитува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските ресурси
Додека Украина не е задоволна од новиот американски нацрт-договор за ретките минерали, Русија објави дека почна заеднички проекти со САД за нејзините рудните ресурси
Премиерот на Гренланд порача дека САД нема да го преземат островот
Соединетите држави нема да го преземат Гренланд, објави премиерот Јенс-Фредерик Нилсен во објава на Faceebok како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп
Трамп се закани со „бомбардирање“ на Иран доколку не се постигне нуклеарен договор
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата му се закани на Иран со бомбардирање и секундарни царини доколку Техеран не постигне договор со Вашингтон за неговата нуклеарна програма