Пратеникот Илир Демири официјално го известил претседателот на Собранието Африм Гаши, дека ќе продолжи да делува како независен пратеник.
Демири, досега беше дел од пратеничката група на Европскиот фронт. Неговата одлука веднаш е ажирирана и тој веќе стои како независен пратеник на официјалната веб-страница на Собранието, но како коалиција стои „Европски фронт“.
Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, кој на парламентарните избори настапи во Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.
Одлуката на Демири следува откако Села најави дека ја напушта коалицијата со ДУИ.
Инаку од месец февруари до јуни 2024 годин, Демири ја извршуваше функцијата министер за здравство.
Слични новости
Стартува расправата за буџетот
Пратениците ќе дебатираат за најголемиот досега буџета тежок 6, 7 милијарди евра. Со планиран раст на економијата од 3,8 проценти и дефицит од 3,5 проценти од БДП.
Советот на јавни обвинители ќе одлучува за избор на нов претседател
Советот на јавни обвинители денеска ќе одлучува за избор на нов претседател, откако мандатот на Душица Димитриеска заврши на 1 октомври.
Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин Богородица ( Евзони ) е целосно нормализиран од 21 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, овој премин беше во целосна блокада, и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.


