Научниците открија џиновска пајажина што се протега на повеќе од 100 квадратни метри и содржи околу 111.000 пајаци во пештера на границата меѓу Грција и Албанија, според студија објавена во списанието Subterranean Biology.
Домот на овие членконоги е „Сулфурната пештера“, исклучително богата со овој елемент, која се наоѓа во клисурата Вромон.
Откриената пајажина се протега на приближно 106 квадратни метри и содржи два вида пајаци.
Снимките објавени во средата покажуваат делови од оваа огромна пајажина што висат од ѕидот на пештерата како тешка црна кадифена завеса, длабоко во пештерата на грчко-албанската граница, која научниците во опрема за спелеологија ја разгледуваат со фасцинација.
Во списанието истражувачите го опишуваат „откритието (…) на извонредна група колонијални пајаци“, иако двата вида обично живеат самотнички.
Експертите забележуваат дека ова е „првиот документиран случај на формирање колонијална мрежа кај овој вид“, додавајќи дека огромната мрежа се состои од „бројни индивидуални мрежи во облик на инка, секоја стратешки поставена во област каде што трофичките ресурси, или храната, се во изобилство“.
„Некои делови од мрежата можат да се одвојат од ѕидот под сопствената тежина“, опишуваат тие.
Слични новости
Почина американски архитект Френк Гери
Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст
Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа
Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година
Netflix ги купува филмските и ТВ-студија на Warner Bros
Стриминг гигантот „Netflix“ објави во петокот дека постигнал договор со„ Warner Bros. Discovery“ за купување на филмски и телевизиските студија, вклучувајќи ја и платформата HBO Max


