Околу 150.000 луѓе се собраа во саботата вечерта во Тел Авив за да му оддадат почит на Јицак Рабин, поранешниот израелски премиер и добитник на Нобелова награда за мир, кој беше убиен пред триесет години.
„Тоа беа различни времиња, кога лидерите сè уште преземаа одговорност – со зборови и дела. Одговорност – токму тоа е она по што Израел копнее денес“, изјави поранешниот началник на Генералштабот на израелската армија, Гади Ајзенкот, пред толпата собрана на централниот плоштад во Тел Авив, местото на атентатот што сега го носи името на Рабин.
Ајзенкот се осврна на критиките што многу Израелци ги упатуваат кон сегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој негираше каква и да е одговорност за наводното лошо справување со масакрот од страна на палестинското милитантно движење Хамас на 7 октомври 2023 година, пренесува германската новинска агенција dpa.
Јицак Рабин, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 1994 година заедно со неговиот израелски политички ривал Шимон Перес и палестинскиот лидер Јасер Арафат, беше убиен од израелскиот екстремист Јигал Амир во ноември 1995 година поради спротивставување на отстапките што тој сакаше да ги направи за Палестинците.
„Пред триесет години, на врвот на неконтролираната кампања од клевети, Јицак Рабин се симнуваше по скалите кога еден подмолен убиец испука три куршуми, убивајќи го премиерот и уништувајќи го мировниот процес“, објавија организаторите на комеморацијата, пренесе весникот The Times of Israel.
Опозицискиот лидер Јаир Лапид рече дека трите куршума не биле наменети само за „убиство на челник“, туку и за „згаснување идеја“.
Мировниот процес од Осло веќе беше во криза пред атентатот на Рабин, но неговата смрт претставуваше пресвртница во мировните преговори меѓу Палестинците и Израелците.
Решението за две држави што го застапуваше Рабин денес се смета за тешко остварливо, а Нетанјаху целосно го отфрла.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


