Израелската војска погоди најмалку шест бродови на сириската морнарица во нападот врз сириското пристаниште Латакија во понеделникот, соопшти во вторникот британската компанија за обезбедување „Ambrey“.

На видеото, чијашто веродостојност не е потврдена сѐ уште, се гледа како еден брод на сириската морнарица се насукал а пет се потопени, без никакви видливи оштетувања на инфраструктурата на пристаништето.

Сириски безбедносни извори во понеделникот изјавија за Reuters дека израелската војска гаѓала објект за противвоздушна одбрана во близина на Латакија. Нападот се случи откако коалицијата на исламистички, џихадистички протурски сунитски бунтовнички сили без борби го преземаа сите големи градови во земјата вклучително и главниот град Дамаск, откако сирискиот претседател Башар ал-Асад во договор за мирно предавање на власта пребега во Русија.

Израелските авиони гаѓаа голем број цели во Сирија од викендот за да се осигурат дека сириската воена опрема, вклучително и борбени авиони, проектили и наводно хемиско оружје, нема да падне во рацете на бунтовниците.

 

Министерот за одбрана Израел Кац изјави во вторникот дека израелски воени бродови ја уништиле сириската воена флота.

Турски безбедносен извор во вторникот изјави дека турското разузнавање уништило дванаесет камиони натоварени со проектили и тешко оружје, два тенка и складишта за муниција што ги транспортирала курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) поддржувани од САД, во североисточна Сирија. Изворот рекол дека сириските владини вооружени сили оставиле воена опрема зад себе кога ја напуштиле областа Камишли во североисточна Сирија.

globe

Слични новости

Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин

Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин

За праведен мир во Украина и за „запирање“ на рускиот претседател Владимир Путин, потребно е единство на САД и Европската унија, како и во рамките на самата ЕУ, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски

ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид

ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид

Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) во извештајот во четвртокот соопшти дека Израел убил илјадници Палестинци во Газа со тоа што им го ускратил пристапот до чиста вода, што според неа правно е чин на геноцид и истребување