Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор со Иран за прекин на војната на Блискиот исток, но успехот на разговорите е малку веројатен, изјавија денеска високи израелски службеници кои зборуваа под услов на анонимност.

Тие сметаат дека е малку веројатно Иран да се согласи со барањата на САД, вклучително и ограничувањата на неговите нуклеарни и балистички програми, со оглед на неуспехот на разговорите од 28 февруари и почетокот на американско-израелската војна против Иран, објави Ројтерс.

На социјалните мрежи Трамп ги опиша разговорите со Иран како „многу добри и продуктивни“, додека Техеран тврди дека изјавата на Трамп е ла/на и дека Вашингтон и Техеран не преговараат.

 

Слични новости

Атентат врз руски генерал во Москва

Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.