Одбранбените сили на Израел соопштија дека во текот на ноќта израелското воено воздухопловство срамнило со земја повеќекатница во главниот град на Либан Бејрут за која Тел Авив тврди дека била команден центар на Хезболах.

Во текот на ножта биле бомбардирани и други објекти во Либан, за кои постоеле сомненија дека го користат елитните Радван сили на Хезболах и на разузнавачата дивизија на терористичката група, пренесе Тајмс оф Израел.

Биле изведени напади и врз градот Ат-Тири на југот од Либан, а била погодена радио станицата Ал-Нур на Хезболах, тврди израелската армија.

 

Слични новости

Брисел размислува да го укине ветото

Брисел размислува да го укине ветото

Европската унија ја разгледува можноста за укинување на правото на вето во сферата на надворешната и безбедносната политика, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Каја Калас.