Начелникот на генералштабот на Одбранбените сили на Израел генерал Ејал Замир денеска изјави дека борбата против Хезболах во Либан е примарната зона на неговата војска. Тој порача дека ИДФ е во воена состојба и дека нема примирје. „Продолжуваме да се бориме против Хезболах“ изјави Замир.

Израел соопшти дека во моментов Иран прогласи примирје, но дека може да се врати на борбите во секој момент и тоа на моќен начин.

Од друга страна Техеран соопшти дека војната против Хезболах претставува повреда на примирјето и дека нема да го предадат својот сојузник Хезболах.

Слични новости

Израел срамни со земја зграда во Бејрут за која тврди дека била команден центар на Хезболах

Израел срамни со земја зграда во Бејрут за која тврди дека била команден центар на Хезболах

Одбранбените сили на Израел соопштија дека во текот на ноќта израелското воено воздухопловство срамнило со земја повеќекатница во главниот град на Либан Бејрут за која Тел Авив тврди дека била команден центар на Хезболах.