Израелската војска денеска соопшти дека во текот на ноќта покрена удари врз повеќе цели во Иран и дека главните мети на нападот биле цели поврзани со иранската нуклеарна програма.
Израелската авијација бомбардираше најмалку пет ирански градови во акција која владата во Ерусалим ја опиша како спречување на Техеран да стекне нуклеарно вооружување.

Во израелските напади се убиени главниот командант на Корпусот на чуварите на исламската револуција генерал Хосеин Салами и начелникот на генералштабот на иранските оружени сили генерал Мохамед Багери.
Убиени се и најмалку шест ирански физичари ангажирани на нуклеарната програма на Иран.
Поради израелските напади Иран ги затвори сите свои аеродроми.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека операцијата ќе трае се додека е потребно и доеека не се отстранат заканите за Израел.
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави дека станува збор за превентивни напади, како и дека Израел прогласи вонредна состојба.
„По превентивниот напад на Израел врз Иран, се очекува во блиска иднина Техеран да возврати со напади со дронови и ракети врз државата Израел и нејзиното цивилно население“ изјави Кац.
Слични новости
Во иранските напади убиени тројца, а ранети 80 Израелци, Техеран и Ерусалим најавуваат продолжување на војната
Официјален Ерусалим соопшти дека во синоќешните два брана напади од Иран врз Израел со околу 150 балистички ракети биле убиени тројца луѓе, а 80 се ранети. Неколкумина од ранетите се во тешка состојба, соопштија израелските власти
Израелската војска соопшти дека нападите врз Иран само што почнаа
Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили продолжуваат да го напаѓаат Иран и дека операцијата тукушто започна. Израел ноќеска отпочна напад врз Иран, наведувајќи дека се гаѓани нуклеарни објекти, фабрики за балистички проектили, воени команданти и физичари, чија цел е да се спречи Техеран да развие нуклеарно вооружување.
Трамп: Се надевам дека Иран ќе се врати на преговарачката маса по нападите
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека Иран не може да има нуклеарна бомба и дека САД се надеваат дека властите во Техеран ќе се вратат на преговарачката маса.