Трамп прв ги потврди извештаите за постигнатото примирје, и ги претрка Белата куќа и Катар. Тој ги презеде заслугите за договорот и порача дека тоа можело да се случи само како резултат на „нашата историска победа во ноември“.
Израел и Хамас се договорија за прекин на огнот и ослободување на заложниците по 15 месеци војна, потврдија посредниците во преговорите Катар и САД. Спогодбата за примирје треба да им овозможи на стотици илјади раселени луѓе во Појасот Газа да се фратат во своите домови.
Израел објави дека уште 94 заложници се во рацете на Хамас, од кои за 34 се претпоставува дека веќе не се живи. Примирјето треба да стапи во сила на 19 јануари, изјави премиерот на Катар шеикот Мохамед Ал Тани. Спогодбата сега треба да ја одобри израелската влада.
Спогодбата треба да ги запре борбите во Газа, да ја зголеми хуманитарната помош за палестинските цивили и повторно да ги соедини заложниците со нивните семејства по 15 месеци заложништво, изјави претседателот на САД Џо Бајден.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека сеуште се работи на деталите од конечниот договор, а лидерот на Хамас Халил ал Хаџа порача дека спогодбата е производ на „палестинскиот отпор“. Многумина Палестинци и семејствата на израелските заложници ја прославија веста, но војната во Газа не престана.
Агенцијата за цивилна одбрана што ја води Хамас објави дека во израелските воздушни напади загинаа повеќе од 20 луѓе, по објавата дека е постигнат договор за примирје.
Нацрт договорот има неколку фази. Првата е шестонеделен прекин на огнот. За време на тој период Хамас треба да ослободи 33 заложници што ги зароби во нападот на 7 октомври 2023. Во замена за секој ослободен заложник Израел ќе ослободи десетици палестински затвореници.
Израел ќе ги повелече војниците од погусто населените делови во Појасот Газа во тампон зона на источната страна, на раселените Палестинци ќе им биде дозволено да почнат да се враќаат во своите домови, таму каде што не се уништени, стотици камиони со хуманитарна помош би требало да влегуваат на палестинска територија секој ден.
Втората фаза во која треба да бидат ослободени преостанатите заложници, подразбра повлекување на израелските трупи и враќање кон „одржливо смирување на ситуацијата“ и би требало да почне на 16-от ден од примирјето. Третата и последна фаза ќе го означи почетокот на реконструкцијата на Газа што би можело да трае со години. Тогаш треба да се решат и клучните прашања за иднината на Газа, како што се кој ќе управува со неа и дали Израел целосно се повлекува.
Индиректните преговори се водат во Катар од мај 2024 и предлог примирјето е на маса веќе осум месеци.
„Прецизните контури на овој план ги изложив на 31 мај 2024. Тоа не е само резултат на екстремниот притисок врз Хамас и променетите регионални околности по прекинот на војната во Либан и слабеењето на Иран, туку и на упорна и макотрпна американска дипломатија. Мојата дипломатија никогаш не престана да вложува напори за да стигнеме до договор“, изјави Џо Бајден на конференцијата за медиуми по веста за примирјето.
Бајден рече дека во постигнувањето на договорот помогнал и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп кој вршел притисок на обете страни, инсистирајќи ослободување на заложниците пред неговата инаугурација на 20 јануари.
Трамп прв ги потврди извештаите за постигнатото примирје, и ги претрка Белата куќа и Катар. Тој ги презеде заслугите за договорот и порача дека тоа можело да се случи само како резултат на „нашата историска победа во ноември“.
Би Би Си
Слични новости
Шведска: Околу десет лица убиени во училиште за возрасни
Шведската полиција во вторникот објави дека околу десет луѓе биле убиени во напад во училиште за образование на возрасни лица во Шведска, и дека верува дека напаѓачот е меѓу загинатите
Трамп ја прекинува соработката со Советот на ОН за човекови права
Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп подоцна во вторникот да ја прекине соработката на неговата земја со Советот за човекови права на Обединетите нации и да ја продолжи забраната за финансирање на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци
Може ли ЕУ да го одбрани Гренланд
Молкот на Европа за Гренланд може да се толкува како тактика да не се предизвикува голема бура и да не се предизвикуваат трансатлантски ескалции, додека политичарите се обидуваат тивко да ја ублажат заканата.