Израел изведе ракетни напади врз иранските лансери на ракети земја-земја и друга воена инфратсруктура на иранска територија, соопшти израелската војска.
„Во текот на ноќта лансерите на ракети се идентификувани и погодени во Иран“. Израелското воздухопловство, како што е соопштено, ја завршило серијата дополнителни удари врз складиштата и локациите на инфраструктурата за лансирање на аракети во западен Иран“.

Израелската војска објави и видео снимки на она што е наречено удари врз лансирните ракети, на кои се гледаат големи експлозии и облаци на дим.
Иран и Израел во текот на ноќта продолжија да разменуваат напади со ракети и дронови, при што најмалку 10 луѓе загинаа во Израел кога иранските ракети ја пробија противвоздушната одбрана на северниот и централниот дел од земјата.
Околу 200 луѓе се ранети во Израел откако Иран покрена низа ракетни напади врз Израел, како одмазда за израелските удари во петокот, за кои официјален Ерусалим порача дека се насочени кон нуклеарната програма на Техеран.
Израелската војска соопшти дека Иран и натаму има арсенал кој може да му предизвика сериозна штета на Израел.

Слични новости
Трамп му се закани на Иран со досега невиден одговор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во случај Иран на било каков начин да ги нападне САД, ќе се соочи со силата на американската војска „на нивоа кои никогаш досега не се видени“.
Идентификуван осомничениот за убиството на демократската пратеничка во Минесота
Полициските службеници во Минесота го идентификуваа осоммничениот за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како Венс Лутер Батлер, а потерата по него продолжува, јавуваат американските медиуми.
Денеска нов ракетен напад на Иран врз Израел, Техеран најавува и напади врз американските воени бази на Блискиот исток
Според дописниците на светските агенции, експлозии се слушнале и во Тел Авив. Израелските медиуми јавуваат дека ракета паднала во градот, а претходно беше пријавена силна експлозија во Ерусалим.