Израел продолжува да бомбардира цели во иранскиот главен град Техеран, а Иран возврати со напади врз повеќе израелски и американски цели. Скај њуз пренесе дека иранската војска лансирала повеќе дронови со долг дострел кон резервоарите за гориво во воздухопловната база Рамат Давид во Израел.

Иранската државна агенција објави дека е погоден американски танкер за нафта во северниот дел од Персискиот залив кој е во пожар.

Во друг напад со ракети и дронови бил погоден аеродромот Нахчиван во Азербејџан кои предизвикале пожар, пренесе Ројтерс повикувајќи се на извори во азербејџанската влада.

Иран соопшти и дека го спречил обидот на прекугранични сепаратисти да влезат во Иран и дека наводно тие групи претрпеле тешки загуби.

Техеран објави и дека отпочнал бран ракетни напади врз американски и израелски цели, но овие информации не се официјално потврдени. 

Слични новости

Дмитриев: Повлекувањето од Донбас е пат кон мирот за Украина

Дмитриев: Повлекувањето од Донбас е пат кон мирот за Украина

Русија контролира околу 90 проценти од регионот на Донбас, а рускиот претседател Владимир Путин во повеќе наврати истакна дека ако Украина не се откаже од остатокот на Донбас што е под нејзина контрола, Русија насилно ќе го заземе.