Израел продолжува да бомбардира цели во иранскиот главен град Техеран, а Иран возврати со напади врз повеќе израелски и американски цели. Скај њуз пренесе дека иранската војска лансирала повеќе дронови со долг дострел кон резервоарите за гориво во воздухопловната база Рамат Давид во Израел.
Иранската државна агенција објави дека е погоден американски танкер за нафта во северниот дел од Персискиот залив кој е во пожар.
Во друг напад со ракети и дронови бил погоден аеродромот Нахчиван во Азербејџан кои предизвикале пожар, пренесе Ројтерс повикувајќи се на извори во азербејџанската влада.
Иран соопшти и дека го спречил обидот на прекугранични сепаратисти да влезат во Иран и дека наводно тие групи претрпеле тешки загуби.
Техеран објави и дека отпочнал бран ракетни напади врз американски и израелски цели, но овие информации не се официјално потврдени.
Слични новости
Сад понуди план од 15 точки за крај на војаната со Иран
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп му понуди на Иран план за прекин на огнот од 15 точки. Планот му беше доставен на Иран од посредници од Пакистан, кои понудија да бидат домаќини на обновени преговори меѓу Вашингтон и Техеран.
Израел ги бомбардираше постројките за производство на ракети во Техеран
Одбранбените сили на Израел ИДФ соопштија дека нивното воено воздухопловтсво ги бомбардираше постројките во Техеран кои произведуваат крстосувачки ракети од долг дострел.
Израел срамни со земја зграда во Бејрут за која тврди дека била команден центар на Хезболах
Одбранбените сили на Израел соопштија дека во текот на ноќта израелското воено воздухопловство срамнило со земја повеќекатница во главниот град на Либан Бејрут за која Тел Авив тврди дека била команден центар на Хезболах.


