Граничниот премин Рафа меѓу палестинската енклава Појасот Газа и Египет ќе остане затворен „до натамошно известување“, објави канцеларијата на израелскиот премиер во саботата, условувајќи го неговото повторно отворање со враќање на останките на заложниците што сè уште ги држи милитантката грипа Хамас во Газа.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху „нареди граничниот премин Рафа да остане затворен до натамошно известување“, се вели во соопштението на неговата канцеларија објавено во саботата вечерта.
Претходно во саботата кабинетот на Нетанјаху соопшти дека Хамас мора да го почитува договорот и да ги врати останките од преостанатите 18 заложници кои сè уште се наоѓаат во Појасот Газа.
„Неговото повторно отворање ќе се разгледа врз основа на исполнувањето на обврските од страна на Хамас во врска со враќањето на заложниците и телата на починатите и спроведувањето на договорената рамка“, се додава во соопштението.
Претходно во саботата палестинската амбасада во Каиро објави дека граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе биде повторно отворен во понеделник, речиси една седмица откако беше постигнат договор за прекин на огнот и заложници меѓу Израел и Хамас, постигнат со посредство на САД.
Преминот, кој е во голема мера затворен од мај 2024 година, ќе им овозможи на Палестинците што живеат во Египет да се вратат во Газа, соопшти амбасадата.
Вооруженото крило на Хамас објави дека ќе предало телата на уште двајца израелски заложници во саботата во 22 часот по локално време.
Слични новости
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија


