Израел го повика канадскиот премиер Марк Карни да го преиспита своето ветување дека ќе ја почитува наредбата за апсење на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за премиерот Бенјамин Нетанјаху доколку дојде во Канада.

Агенцијата Bloomberg News минатата седмица објави интервју со Карни во кое беше прашан дали ќе го исполни ветувањето на неговиот претходник на премиерската должност Џастин Трудо да го уапси Нетанјаху по обвинение за воени злосторства доколку дојде во Канада, на што Карни рече дека ќе го стори тоа.

„Веруваме дека премиерот Карни, секако, треба да го преиспита ова и да го поздрави во Канада премиерот Нетанјаху, лидерот на единствената еврејска држава и демократска земја на Блискиот исток“, изјави за новинарите портпаролката на израелската влада, Шош Бедросјан.

Минатата година МКС издаде наредба за апсење на Нетанјаху за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Газа. Израел, кој не ја признава јурисдикцијата на Хашкиот трибунал како и неговиот сојузник САД, ја отфрла надлежноста на судот со седиште во Хаг и ги негира воените злосторства во Газа.

Бедросјан рече дека одлуката на Канада да признае палестинска држава е „награда за тероризмот“ и „само додаде масло на антисемитскиот оган во Канада“.

globe

Слични новости

Над илјада мртви во разорна тропска бура во Азија

Над илјада мртви во разорна тропска бура во Азија

Спасувачките екипи од Индонезија, Тајланд, Малезија и Шри Ланка работат напорно за расчистување на патиштата и доставување помош до луѓето погодени од тропската бура која одзеде повеќе од илјада животи во Југоисточна и Јужна Азија