Израел денеска го обвини францускиот претседател Емануел Макрон дека започнал „крстоносна војна против еврејската држава“ откако Макрон ги повика европските земји да го заострат својот став кон Израел во врска со ситуацијата во Појасот Газа.

„Макрон не е заинтересиран за фактите. Нема хуманитарна блокада. Тоа е очигледна лага. Израел во моментов го олеснува влезот на помош во Газа преку два паралелни напори“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи. 

 

„Наместо да врши притисок врз џихадистичките терористи, Макрон сака да ги награди со палестинска држава“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи и додава дека Макрон се стреми да воведе санкции врз Израел, кој е „нападнат на повеќе фронтови“, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот весник, исто така, наведува дека обвинувањето за „крстоносна војна“ е сериозно, бидејќи крстоносците извршиле насилство врз еврејското население во Светата земја, но и во Франција и германските територии.

Макрон претходно денес изјави дека европските земји треба „да го заострат својот колективен став“ кон Израел доколку земјата не одговори соодветно на хуманитарната ситуација во Газа.

Слични новости

Хаџот започнува со повеќе од милион верници, организаторите се борат со виските температури

Хаџот започнува со повеќе од милион верници, организаторите се борат со виските температури

Повеќе од милион верници се собраа пред најважниот исламски ритуал на хаџот под жешкото сонце во среда, додека властите вложија напори да избегнат повторување на минатогодишните повеќе од 1.000 смртни случаи од топлина.

Зголемените царини за метали на Трамп стапуваат на сила додека истекува рокот за „најдобрите“ понуди

Зголемените царини за метали на Трамп стапуваат на сила додека истекува рокот за „најдобрите“ понуди

Американските царини за најголемиот дел од увезениот челик и алуминиум ќе се удвојат во средата, денот кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги достават своите „најдобри понуди“ за да избегнат наметнување царини за други стоки на почетокот од јули

Најавата на разговор меѓу Трамп и Си го поттикна Волстрит

Најавата на разговор меѓу Трамп и Си го поттикна Волстрит

Цените на акциите пораснаа на Волстрит во вторникот, особено кај производителите на чипови, по веста дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг оваа седмица