Израелските воени авиони денеска изведоа нови напади врз јужен Либан, само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави тронеделно продолжување на прекинот на огнот меѓу Израел и Либан, пренесе Ал Џезаира, повикувајќи се на извештаи на локалните медиуми.

Два воздушни напада се извршени врз градот Тулин чии предградија биле гранатирани и со артилерија, а во посебен напад бил погоден градот Кирбет Селм.

Милитантната група Хезболах поддржана од Иран, не го признава примирјето меѓу САД и Либан, и соопшти дека либанската влада води политика против сопственото население.

Слични новости

Исламабад под високи безбедносни мерки пред клучните преговори САД – Иран

Исламабад под високи безбедносни мерки пред клучните преговори САД – Иран

Пакистанската престолнина денеска е под засилени безбедносни мерки и речиси целосно мирна, додека властите го затворија градот пред почетокот на преговорите меѓу САД и Иран, чија цел е постигнување траен прекин на огнот по повеќенеделен конфликт.