Израелски технички тим е во Доха на разговори со катарските посредници за „преостанатите прашања“ од договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, изјавил за Reuters во понеделникот официјален претставник запознаен со преговорите.
Преговорите во моментов се фокусирани на надминување на разликите меѓу Хамас и Израел според предложениот договор на американскиот претседател Џо Бајден.
Напорите на Египет, Катар и Соединетите држави да посредуваат за прекин на огнот во Газа и да преговараат за ослободување на заложниците беа плодни во последните седмици, иако ништо не е договорено, оценува Reuters.
Повеќе од една година овие три земји водеа досега неефикасни преговори за ставање крај на 14-месечната војна во Газа. Во претходните рунди, несогласувањата околу новите барања на Израел за неговото воено присуство во Газа беа пречка за договорот, дури и откако Хамас ја прифати верзијата на предлогот на Џо Бајден во мај. Преговорите во октомври не дадоа резултат, а Хамас го отфрли предлогот за краткорочно примирје.
Слични новости
Украина разоткрила 12 агенти кои шпионирале за Русија
Украинската безбедносна служба СБУ во вторникот објави дека открила 12 агенти кои шпионирале за Русија за да ги откријат локациите на авионите „F-16“ и системите за противвоздушна одбрана во Украина
Русија ќе го зајакне својот балистички арсенал со нови ракети и тестирања
Русија го зајакнува својот балистички арсенал со нови стратешки ракетни системи, планира да лансира ракета со максимален дострел и може да го зголеми бројот на тестови како одговор на растечките надворешни закани
Германија им се придружува на САД и Велика Британија во воспоставувањето контакт со сириската HTS
Германија планира во вторник да разговара со претставници на Хајат Тахрир ал-Шам (HTS) во Дамаск, соопшти Министерството за надворешни работи, придружувајќи им се на САД и Велика Британија во контакт со исламистичката џихадистичка група која го предводеше соборувањето на претседателот Башар ал-Асад