Израелски технички тим е во Доха на разговори со катарските посредници за „преостанатите прашања“ од договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, изјавил за Reuters во понеделникот официјален претставник запознаен со преговорите.
Преговорите во моментов се фокусирани на надминување на разликите меѓу Хамас и Израел според предложениот договор на американскиот претседател Џо Бајден.

Напорите на Египет, Катар и Соединетите држави да посредуваат за прекин на огнот во Газа и да преговараат за ослободување на заложниците беа плодни во последните седмици, иако ништо не е договорено, оценува Reuters.
Повеќе од една година овие три земји водеа досега неефикасни преговори за ставање крај на 14-месечната војна во Газа. Во претходните рунди, несогласувањата околу новите барања на Израел за неговото воено присуство во Газа беа пречка за договорот, дури и откако Хамас ја прифати верзијата на предлогот на Џо Бајден во мај. Преговорите во октомври не дадоа резултат, а Хамас го отфрли предлогот за краткорочно примирје.
Слични новости
Трамп на еден месец иззема од царините некои производители на автомобили
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата одобри едномесечно ослободување од новите царини на увозот од Мексико и Канада за американските производители на автомобили, соопшти во средата Белата куќа
Макрон размислува за проширување на нуклеарниот чадор во другите европски земји
Париз е отворен за разговори за проширување на нуклеарниот чадор на Франција со своите европски партнери, рече претседателот Емануел Макрон во обраќањето до нацијата во средата вечерта, во кое предупреди дека Русија е „закана за цела Европа“
Зеленски гледа „позитивeн развој“ во соработката со САД
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во средата дека има „позитивен развој“ во соработката со САД што може да доведе до нова средба наскоро