Израелски технички тим е во Доха на разговори со катарските посредници за „преостанатите прашања“ од договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, изјавил за Reuters во понеделникот официјален претставник запознаен со преговорите.
Преговорите во моментов се фокусирани на надминување на разликите меѓу Хамас и Израел според предложениот договор на американскиот претседател Џо Бајден.

Напорите на Египет, Катар и Соединетите држави да посредуваат за прекин на огнот во Газа и да преговараат за ослободување на заложниците беа плодни во последните седмици, иако ништо не е договорено, оценува Reuters.
Повеќе од една година овие три земји водеа досега неефикасни преговори за ставање крај на 14-месечната војна во Газа. Во претходните рунди, несогласувањата околу новите барања на Израел за неговото воено присуство во Газа беа пречка за договорот, дури и откако Хамас ја прифати верзијата на предлогот на Џо Бајден во мај. Преговорите во октомври не дадоа резултат, а Хамас го отфрли предлогот за краткорочно примирје.
Слични новости
Земјите од ЕУ кои се членки на НАТО повикани на координација пред самитот на Алијансата
Челниците на земјите-членки на Европската унија ги повикаа сите земји кои се и членки на НАТО да се координираат пред самитот на Алијансата што ќе се одржи во јуни годинава во Хаг
Трамп планира да го укине легалниот статус на украинските имигранти
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го отповика привремениот легален статус на 240.000 Украинци кои дошле во САД пред војната против Русија
Во Германија размислуваат за враќање на воениот рок
Во услови на дебата за зголемување на одбранбената подготвеност на Европа, во Германија се зголемуваат барањата за враќање на воената регрутација, која беше укината во 2011 година