Израелски технички тим е во Доха на разговори со катарските посредници за „преостанатите прашања“ од договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, изјавил за Reuters во понеделникот официјален претставник запознаен со преговорите.

Преговорите во моментов се фокусирани на надминување на разликите меѓу Хамас и Израел според предложениот договор на американскиот претседател Џо Бајден.

Напорите на Египет, Катар и Соединетите држави да посредуваат за прекин на огнот во Газа и да преговараат за ослободување на заложниците беа плодни во последните седмици, иако ништо не е договорено, оценува Reuters.

Повеќе од една година овие три земји водеа досега неефикасни преговори за ставање крај на 14-месечната војна во Газа. Во претходните рунди, несогласувањата околу новите барања на Израел за неговото воено присуство во Газа беа пречка за договорот, дури и откако Хамас ја прифати верзијата на предлогот на Џо Бајден во мај. Преговорите во октомври не дадоа резултат, а Хамас го отфрли предлогот за краткорочно примирје.

globe

Слични новости

Трамп ги одложи царините за стоки од Канада и Мексико

Трамп ги одложи царините за стоки од Канада и Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот ги ослободи стоките од Канада и Мексико на еден месец од царините од 25 отсто што ги воведе претходно оваа недела, што е најнов пресврт во брзо менувачката трговска политика што ги потресе финансиските пазари и деловните лидери