Израелски технички тим е во Доха на разговори со катарските посредници за „преостанатите прашања“ од договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, изјавил за Reuters во понеделникот официјален претставник запознаен со преговорите.
Преговорите во моментов се фокусирани на надминување на разликите меѓу Хамас и Израел според предложениот договор на американскиот претседател Џо Бајден.

Напорите на Египет, Катар и Соединетите држави да посредуваат за прекин на огнот во Газа и да преговараат за ослободување на заложниците беа плодни во последните седмици, иако ништо не е договорено, оценува Reuters.
Повеќе од една година овие три земји водеа досега неефикасни преговори за ставање крај на 14-месечната војна во Газа. Во претходните рунди, несогласувањата околу новите барања на Израел за неговото воено присуство во Газа беа пречка за договорот, дури и откако Хамас ја прифати верзијата на предлогот на Џо Бајден во мај. Преговорите во октомври не дадоа резултат, а Хамас го отфрли предлогот за краткорочно примирје.
Слични новости
Трамп ѝ се заканува на Русија со „обемни“ санции
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот ѝ се закани на Русија со обемни санкции и воведување царини додека не се постигне примирје и мировен договор со Украина
Сириските сили се обидуваат да го задушат бунтот на алавитите во неговиот повој
Властите не го соопштија точниот број на загинати, но Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лонон објави дека загинале повеќе од 120 луѓе
Орбан: Продолжувањето на финансирањето на украинската одбрана ќе ја уништи Европа
Европската унија не може да си дозволи да ги финансира воените напори на Украина, бидејќи американската финансиска помош повеќе не е загарантирана, изјави во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако лидерите на 26 земји од ЕУ, со исклучок на Унгарија, потпишаа изјава во која изразуваат поддршка за Украина